Вчера купив кондоми

Piše: Ана, комшиката од втори
Денес употребата на кондомите може да биде наменета не само за заштита од сексуално преносливи болести и бременост, туку и како дел од уметнички инсталации и активистички иницијативи

Често се јавува проблем во Регионов кога имате потреба да купите кондоми. Од недостатокот на сексуалната едукација луѓето сè уште сметаат дека купувањето треба да биде незабележително и тивко.

Еве јас вчера купив кондоми. Ништо страшно, сосема обична работа. На продавачите може да им кажете дека денес употребата на кондомите може да биде наменета не само за заштита од сексуално преносливи болести и бременост туку и како дел од уметнички инсталации и активистички иницијативи, па така вие планирате да направите модна ревија. И тоа ќе ви биде сосема доволно за да ги збуните и да им го оттргнете вниманието, иако вие навистина може да направите некаков предмет и со вашата креативност да влијаете врз начинот на размислување на останатите.

Одредени организации кои се грижат за подигање на свеста кај населението за секусуално преносливите болести често организираат настани на кои бесплатно делат кондоми, меѓутоа и тука има поединци кај кои се појавува стравот да се приближат до предметот и да го земат.

Зошто кондомите се потребни колку и тоа да се надмине општествениот срам при јавно купување говори бројката од инфецирани лица. Пред сè на прво место треба да се стави безбедноста и здравјето, а потоа ставовите на околината. Ако сакате да направите смел чекор може да организирате и натпревар за дизајнирање облека или предмети од кондоми. Со тоа може малку да се влијае на друштвото да се прифатат одредени работи, да се испитаат нивните ставови и да се провери дали постои простор за промена.

Доколку не може да се охрабрите јавно да претставите фустан, цртежи, осветлување од кондоми, не се плашете да го направите тоа лично за себе заштитувајќи се при сексуални односи. Оваа тема е навистина сензитивна, па затоа пред да се решите на каса да платите пакување кондоми, проверете прво неколку работи: рокот на траење, исправноста и изгледот на пакувањето, местото каде се чуваат и состојбата во која се наоѓаат, да не бидат лепливи или кршливи и потрудете се за отварање наместо заби да користите раце.

На крајот од денот, доколку се чувствувате нервозни да влезете во продавница, аптека или киоск каде редовно пазарувате, најдете друго место каде не ве познаваат и намалете ја тремата што ја чувствувате зошто секогаш е поважно да се заштитите отколку да се грижите што ќе кажат другите.