Почивајте во мир, Мизар

Piše: Dženk Ejup
Што се случи со македонскиот византиско-рок бенд, дали остана трага од него, или се се престори во пепел?!

За што станува збор? Тука се работи за еден феноменален бенд, кој некогаш постоел на просторите на Македонија, денес повеќе не. Почнувајќи од 1983, па се до ден денес, Мизар беше поим за бенд кој се здоби со титулата култен бенд во Македонија и пошироко, но да ли сета нивна слава ги удри во глава? 

Имено, на 21 Август, на скопскиот Пиволенд, македонскиот култен бенд Мизар, од 22 до 23 часот имаа „настап” кој верувам дека засекогаш ќе остане во сеќавањата на македонската публика. 

Многумина со нетрпение ги очекуваа своите идоли, да ги запеат нивните омилени песни на сцена, да ги поведат низ мрачните спомени и навратат во минатото. Колку ли километри оние кои беа од друг град, пропатуваа за овој бенд за кој од стар до млад зборуваше... но што всушност доби лојалната публика за возврат ?

Мизар, од комплетно нови членови, непознати на публиката, со наместен тапанарски сет на сцената меѓутоа без тапанар, со лаптопот покрај нив, со сајзеристка, која беше повикана на сцена преку социјалната мрежа на фејсбук од страна на гитаристот Горазд Чаповски, со цел да на бендот се даде по „готик” светло... со вокалист кој на мигови доцнеше со неговата слаба имитација на настап, со басист кој додека оди бас линијата, одмара и пие вода, а Горазд, мозокот на бендот, главниот гитарист, насмевнувајќи се на незадоволните извици од страна на публиката, ниту едно благодарам или збогум не кажа на крајот од нивниот настап, туку со срам само се повлече позади сцената и си замина во неповрат.  Тоа го добивме ние, кои со скршени срца се почувствувам предадени од нашите херои...

Публиката извикуваше погрдни зборови, велеше: Ова не е Мизар, одете си дома... и уште многу полоши зборови кои би требало на човек да му е срам кон ваков култен бенд да извикува, меѓутоа секој со својата заслуга !

Што ми се допадна: Колку и да го кажувам ова со тешко срце, меѓутоа не само што ништо не ми седопадна, туку и се ми стана одбивно поврзано со еден од моите омилени бендови.

Што не ми се допадна: Иако се е досега јасно, меѓутоа не ми се допадна предавството кое го доживеав од бендот поради кој сите останати планови ги откажав, и сета болка која ја доживеав од Мизар...

Но има само една „позитивна” страна од моето доживување со Мизар, барем еднаш во животот присуствував на нивен настап, иако сета музика беше од лаптопот, но сепак мило ми е, што барем присуствував, на јавниот погреб на Мизар!

Почивајте во мир.