Некои ѕидови плачат да бидат променети

Piše: Aleksandra Aleksovska
Нам не ни пречи некој да дојде и да напише нешто, напротив огромно е задоволството кога на пример ќе застанете пред мене и ќе напишете: Не сакам мастики, го сакам проклетиот кусур

Pročitajte tekst na srpskom

Луѓето уште многу одамна ме именувале како ѕид. Знам можеби звучи некреативно и еднолично, но во историјата јас и моите пријатели, останатите ѕидови имаме покажано значајна доминација, некогаш позитивна, некогаш негативна.

Од петиот век пред нашата ера некаде до седумнаесетиот се запознав со Кинескиот ѕид, навистина добар другар, што видел многу животни приказни како менуваат покрај него, но секогаш мудро си молчи за тајните што ги слушнал. Покрај овој мој пријател направени се милиони фотографии, светот е сè уште воодушевен, открија дека е забележлив објект дури и од вселенски размери. Некои беа предизвикани да поминат пеш по неговата должина, други пак да изведат уметнички перформанси, а тој остана сосема нормален, без преголемо его и едноставно среќен што служи како туристичка атракција наместо одбрана од номадските племиња во минатото.

Беше топло лето, 1961 година, Германија. Се сеќавам многу добро на мојата прва средба со уште еден пријател- Берлинскиот Ѕид. Неговата намена беше тешка и неблагодарна, да го подели Берлин на исток и запад и да раздели многу парови, семејства, роднини...среќни луѓе. Често ми зборуваше како го слуша плачењето и истрелите од страна и дека се чувствува виновен што политичарите му даваат толку одвратна улога. Понекогаш ќе ми се обратеше со зборовите чекам некој храбар да ме уништи и да не ја носам повеќе тежината на војната. Неговата желба беше исполнета во 1990 година кога нов бран на промени му дозволи да замине слободно.

Во текот на дваесетиот век се случуваа низа општествени турбуленции насекаде низ светот. Многу ѕидови беа рушени, па повторно градени, јас имав среќа да останам недопрен. Се појави и еден културен бран на уметничко изразување врз нас. Оваа промена не прекина. Се случува многу често нови графити и стенсили да се најдат на површината, па потоа доаѓаат локални власти и доколку не се сетиле да ги легализираат делата на уличните уметници, се трудат да ги најдат големите мајстори за да ги казна. Нам не ни пречи некој да дојде и да напише нешто, напротив огромно е задоволството кога на пример ќе застанете пред мене и ќе напишете:

„Никогаш нема да те заборавам, само ти оди!“
„Ја сакам Ана“
„Не сакам мастики, го сакам проклетиот кусур!“
„Заљубен сум во мојата девојка. И јас сум заљубена во мојата девојка.“....

Тогаш се гордеам и чувствувам дека не сум „само“ еден обичен ѕид за случајните минувачи зошто гледам како читаат што ми пишува и се смешкаат онака слатко во себе. Тогаш знам дека не стојам како мртва точка во општеството туку сум вреден да пренесам порака, до некое наредно белење, се разбира.

Лошо ни доаѓа кога сме лесно пристапни за политичките плакати пред избори. Не огрдуваат и не етикетираат во боите на партиите. Несреќни сме.

Ние обичните ѕидови за наши деца ги сметаме оние нови Facebook ѕитчиња, зошто тие се многу поврзани со секоја нова генерација. Носат индивидуални приказни и имаат можност да споделат милион информации во неколку секунди. Моќни се, но само ако се користат правилно, ако нема говор на омраза, сексизам, стереотипи и предрасуди.

Еве кога гласно решив да зборувам за мене и за сите останати ѕидови, ќе ви кажам само уште нешто, не не заборавајте и не се плашете да ни пристапите за преку нас да пренесете порака на вашите другари, професори, родители, соседи, вашето маало, вашиот град... на светот. Зошто на крајот од денот таму надвор сè уште има ѕидови кои плачат да бидат променети.

 

Neki zidovi plaču da budu promenjeni

Nama ne smeta da dođe neko i da napiše nešto. Naprotiv, ogromno je zadovoljstvo kad stane neko ispred mene i napiše: Ne želim zvake, želim prokleti kusur

Još davno ljudi su mi dali ime zid. Znam da možda zvuči nezanimljivo i jednolično, ali tokom istorije ja i moje prijatelji, ostali zidovi, imali smo značajnu ulogu, ponekad pozitivnu, ponekad negativnu.

U petom veku pre naše ere, upoznao sam Kineski zid. Stvarno dobar drug. Video je puno životnih priča kako prolaze pored njega, ali on uvek mudro ćuti o tajnama koje čuje. Na ovom mom prijatelju napravljeni su milioni fotografija, svet je još uvek uoduševljen. Otkrili su da se može videti iz svemira.

Nekima je veliki izazov da prođu celom njegovom dužinom, drugima da izvode umetničke performanse na njemu, a on je ostao sasvim normalan, bez prevelikog ega, jednostavno srećan što sada služi kao turistička atrakcija umesto za odbranu od nomada, kao nekad.

Bilo je toplo leto, 1961. godina. Nemačka. Sećam se jako dobro mog prvog susreta sa još jednim prijateljem - Berlinskim zidom. Njegova namena je bila jako teška i nezahvalna, da podeli Berlin na istok i zapad. I da tako razdvoji parove, porodice, rođake, srećne ljude...

Pričao mi je često kako sluša plač i da se oseća krivim što su mu političari dali toliko odvratnu ulogu. Ponekad mi se obraća sa idejom da čeka da ga neki hrabar lik uništi, da ga oslobodi tereta koju nosi na leđima. Njegova želja je ispunjena 1990, kada mu je talas promena dozvolio da ode slobodno.

U toku dvadesetog veka bilo je mnogo društvenih turbulencija po svetu. Puno zidova bilo je uništeno pa opet sagrađeno. Pojavio se i novi kulturni pravac, umetnici su počeli da crtaju i pišu na nama. Ova promena nije stala. Dešava se jako često budemo ispisani grafitima i stensilom, a onda lokalne vlaste dolaze i traže da umetnike kazne ukoliko se nisu setili da legalizuju svoje radove na zidovima.

Nama ne smeta da dođe neko i da napiše nešto. Naprotiv, ogromno je zadovoljstvo kad stane neko ispred mene i napiše: 

Nikad neću da te zaboravim, samo idi
Ana volim te
Ne želim zvake, želim prokleti kusur
Zaljubljen sam u svoju devojki. I ja sam zaljubljena u svoju djevojku

Tada se ponosim i osećam da nisam samo jedan običan zid za slučajne prolaznike. Gledam kako čitaju šta piše na meni i smeju se onako slatko u sebi. Onda znam da ne stojim kao mrtva tačka u ovom društvu, nego da sam vredan da prenesam poruku, do nekog narednog beljenja, naravno.

Nama je loše samo kad smo lako dostupni za političke plakate pred izbore. Grde nas i etiketiraju u boje partije. Nesrećni smo.

Mi, obični zidovi, smatramo da su ovi novi Facebook zidovi naša deca, jer su oni jako povezani sa novim generacijama. Nose individualne postove i mogu da podele milion informacija u sekundi. Moćni su, ali samo ako se koriste pravilno. Kad nema na njima govora mražnje, seksizma, stereotipa i predrasuda.

Evo, kad sam već odlučio da glasno pričam o sebi i ostalim zidovima, reći ću vam samo još nešto - nemojte da nas zaboravite i ne bojte se da nam pristupite kako bi preneli poruku vasim prijateljima, profesorima, roditeljima, komšijama, vašoj ulici, vašem gradu...

Jer, posle svega, tamo napolju još uvek ima zidova koji plaču da budu promenjeni.